Владата исплати 35 милиони денари субвенции за земјоделците

Владата исплати 35 милиони денари субвенции по повеќе основи на 809 земјоделци.
Како што соопшти денеска Министерството за финансии, за произведено и продадено млеко исплатени се 12,8 милиони денари субвенции на 478 сточари, при што висината на субвенцијата изнесува 3,5 денари по литар.
Дополнителни 9,8 милиони денари или 9.000 денари по хектар субвенции се исплатени на 256 земјоделци за обработлива земјоделска површина за полјоделски култури.
За одржување постоечки лозови насади, Владата исплати 6,6 милиони денари на 63 лозари. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 40 илјади денари по хектар.
Исплатени се и 4,7 милиони денари за производство на домати, пиперки и краставици под контролирани услови, при што висината на субвенцијата изнесува 90 илјади денари по хектар.
По 2.800 денари од грло, или еден милион денари исплатени се и субвенции за одгледување говеда.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
