Владата ги демантира тврдењата на Милошоски дека се делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС
Владата на Македонија најостро ги демантира и отфрла како невистинити тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски дека наводно „премиерот Заев и министерот Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС“.
Ова е брутална лага која има за цел да ја манипулира јавноста, да попречува случајот да се расчисти до крај и да направи штета на угледот на институциите кои посветено и успешно се справуваат со секаков вид криминал.
Институциите разоткрија случај и сузбија криминална група, чии членови - вработени во управните служби на МВР, злоупотребувајќи ја службената положба издавале македонски патни исправи преку злоупотреба на туѓ идентитет.
Неколку дена пред да бидат соопштени резултатите од акцијата челниците на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ започнаа да ја саботираат акцијата, а тоа го прават и деновиве и со тоа сериозно и неодговорно се обидуваат да го загрозуваат процесот преку доведување на јавноста во заблуда со лаги.
Владата очекува Обвинителството да расчисти со овие обиди за саботажа.
Остануваме посветени на бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција и во таа насока продолжува и соработката со нашите стратешки партнери.
Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески