„Виз Ер“ ја потврди нарачката на 110 „Ербаси А21нео“

Унгарската нискобуџетна авионска компанија „Виз Ер“, денеска ја потврди нарачката на 110 авиони од типот „Ербас А321нео“, за цена од 13,68 милјарди долари или 12,1 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз.
Како што соопшти компанијата „Ербас“, станува збор за за една од најголемите нарачки за овај модел на авиони.
Договорот меѓу „Виз Ер“, која е главната нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, и „Ербас“ бил потпишан за време на авиосалонот во Бурже, но тој дури денеска е официјално потврден.
Авиони ќе бидат изработени да можат да примат 239 патници и тие ќе бидат испорачани меѓу 2019 и 2024 година. Речиси половината од нив или 51, ќе бидат искористени за замена на постоечките авиони под лизинг.
Склучениот договор предвидува и право за купување на уште дополнителни 90 „А321нео“, кое ќе може да биде искористено во наредните пет години. Според договорот, „Виз Ер“ ќе може да ги прилагоди своите нарачки во зависност од своите потреби или за „А321нео“ или за „А320нео“ до 31 декември 2016 година.
Со оваа нарачка, бројот на нарачаните авиони „А320нео“ ја надмина цифрата од 4.300 модели, се вели во соопштението на „Ербас“.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
