Loading Video...
Свет
21. January 2026 - 19:59

Преглед на вестите од светот

Американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер утре во Москва ќе се сретнат со Путин на разговори за крај на војната во Украина.

„Планираме да разговараме за мир, Украина и Русија.“

Синока Витков и Кушнер во Давос разговараа со специјаланиот претсавник на руксиот претседате, Кирил Дмитриев. Засега не се објавени официјлни информации за средбата. Укрианскиот претседател го откажа најавеното доагање во Давос поради нов бран руски напади и сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев.

Сшоред Зеленски рускиите удари оставиле повеке од еден милион луѓе без електричан  енергија во Киев во услови на многу ниски температури.

-Имам план како да им помогнам на луѓето со енергијата, одржав релевантни консултации со енергетскиот штаб, како и онлајн и офлајн состаноци, ова е најважниот приоритет во моментов, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Шпанија повотрно е потресена од железничка несреќа. Приградски воз излета од шините кога потпорен ѕид се урна на пругата во близина на Барселона, при што загина машиновозачот, а најмалку 20 лица се повредени, од кои четворица се во критична сосотјба, соопштија шпанските власти.

Пред два дена  во судри помегуа два брзи воза  во близина на Адамуз  загинаа најмалку 42 лица.  Шпанскиот синдикат на машиновозачи  бара  построги   безбедносни мерки и најави генерален штрајк во жечезничкиот сообраќај низ цела Шпанија.