Високи дипломати од Чешка и Словенија во посета на Македонија

Во заедничка работна посета на Република Македонија денеска ќе допатуваат заменик министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Изток Мирошич.
Високите претставници од чешкото и словенечкото МНР ќе имаат средба со државниот секретар во македонското МНР, Виктор Димовски при што ќе разговараат за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, внатрешно-политичката состојба во земјата и односите со соседите.
Како што соопшти македонското МНР, во рамките на посетата, високите дипломати од Чешка и Словенија ќе остварат средба и со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Дур и Мирошич ќе одржат и заедничко предавање пред студентите од отсекот за политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
