Премиерот Мицкоски на поставување камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје

Камен-темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје денеска свечено ќе биде поставен на локацијата на универзитетот (поранешна касарна „Илинден“), во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати на настанот.
УМТ соопшти дека на настанот ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорот на Универзитетот, Беким Фетаји, првиот вицепремиер Беким Сали, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи-Шаќири, претставници од академската заедница и од државни институции и дипломати.

- Ова е значаен проект кој означува почеток на нова етапа за образовната инфраструктура и научната дејност во земјата. Изградбата на новиот кампус ќе послужи како мост помеѓу квалитетното образование и потребите на пазарот на трудот, обезбедувајќи современи услови за новите генерации студенти и истражувачи. Овој проект е доказ за нашата посветеност кон создавање средина каде што иновациите и професионализмот се во прв план, наведува Универзитетот „Мајка Тереза“.
МИА
Ново на Сител
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
