Свет
19. August 2016 - 8:28

Вашингтон вети помош за илјадниците настрадани од поплавите во Луизијана

Американските власти ветија дека ќе им помогнат на илјадниците жители на државата Луизијана, чии домови беа разурнати во опустушувачките поплави во последниот викенд, информира министерот за внатрешна безбедност, Џеј Џонсон, цитиран од ДПА. 

Над 4.000 жители на јужната сојузна држава ќе бидат сместени во привремени засолништа, а над 30.000 требаше да бидат спасени од надојдените води, посочи гувернерот Џон Бел Едвардс. 

Во полливите во Луизијана досега загинаа 13 лица.

Претседателот Барак Обама, кој одморот го минува во Масачусетс, секојдневно се информира за ситуацијата и издал одобрение за доделување средства за обновување на функциите на системот во државата.

Над 86.000 лица поднеле барање за федерална помош од природни катастрофи.

Над 900 службеници на федералните власти се подготвени да помогнат, изјави министерот Џонсон. Службениците одат од врата на врата за да се уверат дека во поплавените домови не се останати блокирани луѓе.