Унгарија на 26 февруари ќе го ратификува членството на Шведска во НАТО

Унгарскиот парламент може да го ратификува членството на Шведска во НАТО кога ќе се состане на новата пролетна седница на 26 февруари, рече премиерот Виктор Орбан пред своите приврзаници.
„Добра вест е што нашиот спор со Шведска наскоро ќе биде решен“, рече Орбан во клучниот говор. „Одиме во насока на почетокот на пролетната седница на парламентот да го ратификуваме приемот на Шведска во НАТО“.
Шведска поднесе барање за приклучување кон НАТО пред речиси две години, во историска промена во политиката на земјата поттикната од целосната руска инвазија на Украина.
Орбан рече дека тој и шведскиот премиер Улф Кристерсон презеле чекори „да ја обноват довербата“ меѓу нивните две земји. Орбан не кажа кои се тие чекори.
Унгарија е единствената земја од НАТО која сè уште не ја ратификувала апликацијата на Шведска, процес кој бара поддршка од сите членки на НАТО. Одложувањето ги влоши односите на Унгарија со САД и предизвика загриженост кај нивните сојузници.
Владејачката партија Фидеш на Орбан рече дека неоснованите шведски наводи дека ја нарушила демократијата во Унгарија се причина зошто било одложено ратификувањето на шведската кандидатура за НАТО.
Орбан изминатата недела се соочи со најтурбулентниот период во неговата 14-годишна премиерска функција, поради скандалот затоа што претседателската помилува човек кој помогнал да се прикрие сексуалната злоупотреба во дом за деца. Скандалот доведе до оставка на унгарската претседателка Каталин Новак и на министерот за правда – двајца од клучните сојузници на Орбан – а во петокот десетици илјади присуствуваа на масовниот уличен протест свикан од популарните инфлуенсери.
Ново на Сител
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
