Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие

Челниците на украинскиот спорт ја осудија денеска одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) привремено да ја укине суспензијата на Рускиот олимписки комитет, која беше во сила од октомври 2023 година.
„Да се награди Русија со таква одлука додека нашиот главен град тагува по жртвите на бруталниот руски напад е врв на лицемерие“, изјави министерот за спорт на Украина, Матвиј Бидни.
Одлуката на МОК беше официјално објавена во вторникот, а ден претходно руските сили извршија жестоки воздушни напади врз Киев, при што загинаа 28 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Во вторникот во Киев беше прогласен ден на жалост.
„Не ја разбирам одлуката, бидејќи Украина редовно му доставува на Меѓународниот олимписки комитет докази и податоци дека Русија продолжува со своите активни операции на нашите окупирани територии“, додаде Бидни.
Откако руската инвазија на Украина започна во февруари 2022 година, МОК го суспендираше Рускиот олимписки комитет во октомври следната година, меѓу другото, поради признавање на регионалните олимписки совети во руските окупирани делови од Украина, во Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје.
„Им упатувам покани на членовите на МОК и претседателката Кирсти Ковентри да ги посетат нашите уништени спортски академии и да се сретнат со младите украински спортисти кои мора да тренираат под сирените и ударите на руските напади‘, порача Бидни.
МОК сè уште не одлучил дали руските ќе можат да настап под националните обележја и дали руската химна ќе може да се интонира на летните Олимписките игри 2028 во Лос Анџелес.
МИА
Ново на Сител
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
