УЈП: Да се издаваат фискални сметки
Субјектите кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите согласно Законот за регистрирање на готовинскиот промет, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).
Според првичните анализи на податоците од он-лајн системот за следење на готовинскиот промет, голем број фирми, особено во угостителството, не го регистрираат прометот во целост, а на адреса на УЈП постојано пристигнуваат и пријави за издавање сметки кои не се фискални.
- Укажуваме дека употребата на опрема од неовластени производители кои ги немаат функционалностите и карактеристиките на фискален систем на опрема (фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување – ГПРС), е спротивно и казниво со Закон, подвлекува УЈП.
Управата најавува засилен мониторинг на готовинскиот промет и присуство на терен во делот на фискализацијата поради што апелира даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски со цел избегнување казни.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија