Бизнис
28. April 2024 - 16:32

Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата

По 10 часа во просек чекаат транспортерите од Западен Балкан на граничните премини со Унијата.  Според податоците на Стопанската Комора на Србија, најдолгото регистрирано време на чекање изнесува 36 часа. Македонските превозници пак, на одредени премини чекаат се денови, не со часови,  велат од Здружението на траспортери.  Дополнителен проблем, велат е што се  фаворизираат и пропуштаат транспортери  од други земји,  додека македонските  стојат во место. Во  моментов , спороед српската  Комора , на граница се чека 26 милион часови годишно. Цената на фискни трошоци во просек е 5 евра за час. Ова значи дека годишно загубите  достигнуваат до 130 милиони евра.  Ако се скрати просечното време на граница за 3 саати, БДП на Западниот Балкан би пораснат  за 3%.проценуваат од Комората.  Македонските траспортери , најдолго чекаат  на границите со Хрватска и Унгарија.

 Лани се затвори граничниот премин помеѓу Србија и Хрватска (Шид – Товарна), со што, влезот на македонските превозници и на сите превозници од регионот се одвива само преку еден граничен премин Батровци – Бајаково. Од информациите од терен, запознаени сме дека се прави дискриминација на возила во зависност од земјата на потекло и дестинација на стоките кои се превезуваат. Другиот главен влез што го користат македонските превозници е преку Унгарија, односно граничниот премин Рошке, каде чекањето на границите не се мери со часови, туку со денови. Со влезот на Романија во Шенген зоната, и воведените контролни мерки на граничните премини со Бугарија за справување со нелегалната миграција, времето на поминување на границите значително е зголемено, што има негативно влијание врз транспортот и трговија, изјави Оливера Мијовска, БЕСТ мобилити.

Долгите чекања на граничните премини, покрај нервоза им создаваат и  дополнителени трошоци на компаниите за складирање, пенали за доцнење и испорака на стоката .. Затоа од Здружението бараат  згоелемување на капацитетот на граничните премини, воведување оне стоп шоп со вземно признавање  на контролите помеѓу две соседни земји, но најавуваат и   потпишување петиција заедно  со земјите од западен Балкан ,која ќе ја поднесат до  Еврсопската Комисија  за изнаоѓање решение за  останување на бариерите кои го попреуваат транспортот.