Учениците од Аеродром се вратија со нови образовни искуства од Лондон
Од 6-ти до 12-ти декември 2016 година, 25-те најдобри ученици од сите основни училишта во Општина Аеродром посетуваа настава во училиштето Брнтвуд во збратимената Општина Вандсворт во Лондон.
За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт учениците придружувани од двајца одговорни наставници имаа можност да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата. Тие имаа можност да ги согледаат разликите и сличностите во воспитно-образовниот процес во двете земји и да направат споредба меѓу наставата во Македонија и во Велика Британија.
- Она што како генерален впечаток беше извлечено од посетата на аеродромците на наставата во Лондон е користењето на мошне напредна технологија и нагледни средства за изведување на часовите, кои на учениците им помагаат за понепосреден и реален начин да го усвојуваат знаењето, се вели во денешното соопштение од општина Аеродром.
Учениците од Аеродром беа сместени кај семејствата на своите соученички, така што можеа да дознаат повеќе и за обичаите, навиките и начинот на живот во Велика Британија.
Посетата, исто така, ја зајакна и соработката меѓу двете општини и овозможи размена на искуства и вредности меѓу учениците и стекнување нови другарчиња.
Ново на Сител
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија