Македонија
19. May 2024 - 16:34

Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија

Претседателката Силјановска преку културна дипломатија воспоставува односи со соседна Бугарија. Првото појавување откако стапи на функцијата одлучи да биде на 52то издание на  мајските музички вечери каде гостуваше софискиот ансамбл. Во изјава за националната бугарска телевизија претседателката порача дека ова е чекор за затоплување на односите со соседна Бугарија.

Бугарија подолго време спроведува културна дипломатија и не случајно гостува со преку 130 солисти, оркестарот и балетот на бугарскиот културен центар. Во септември е најавено гостување на македонската национална опера и балет во Софија.

Инаку Силјановска заминува во Ватикан и Рим каде ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј. Покрај официјалните приеми кај Папата и  италијанскиот претседател, таа веројатно во Рим ќе оствари и средба со бугарскиот колега Радев кој ќе ја предводи бугарската делегација на чествувањето. Радев не упати честитка за изборот на Силјановска, а по нејзиното официјално назначување во парламентот, реагираше  на говорот на Силјановска и предупреди дека Бугарија нема да прифати однесување кое е спротивно на договорот за пријателство, добрососедство и соработка.