Уапсени четворица роднини на напаѓачот од Шанзелизе
Француската полиција упаси четири лица, членови на семејството на исламскиот екстремист, кој загина вчера при неуспешниот обид за напад на булеварот „Елисејски полиња“ во Париз, соошти анонимен извор од француското правосудство.

- Поранешната сопруга на Адам Џазири, неговиот брат и снаа се приведени вчера попладне при претрес на домот на семејството. Вчера беше упасен и таткото на напаѓачот, посочи истиот извор.
Џазири (31) никогаш не е осудуван, но од 2015 година тој, како член на радикално исламистичко движење, е на полициската листа на лица кои би можеле да претставуваат закана по националната безбедност.
Неговиот татко изјавил дека Џезири „поседувал регистирано оружје и се обучувал за пукање“.
Изворот, кој е запознаен со делото, посочи дека напаѓачот навистина поседувал оружје со дозвола и покрај тоа што бил на „листата на лица кои претставуваат закана за безбедноста“.
Џезири вчера удри намерно во полициско комби во центарот на Париз и загина. Во автомобилот се пронајдени оружје и експлозиви што можеле да се употребат за да се предизвика експлозија.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
