Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000

Од средината на мај во Демократска Република Конго од ебола починале над 5.000 лица, соопштија здравствените власти во земјата.
Вкупно се потврдени 5.026 смртни случаи, додека бројот на заразени лица се зголеми на 10.351, објавија властите.
Во моментов, 1.101 лице се лекува или е во карантин, а 2.788 лица, кои претходно биле заразени, заздравеле од болеста.
Вистинскиот број на смртни случаи може да биде поголем бидејќи експертите веруваат дека вирусот можеби се ширел неоткриено од февруари, неколку месеци пред официјално да биде прогласена епидемијата на 15 мај.
Епидемијата, предизвикана од сој на вирусот Бундибугио, се шири во Конго со алармантна брзина. Случаи на инфекција се пријавени и во други земји, вклучувајќи ја и Кенија, каде што инфекцијата е поврзана со кениски државјанин кој ја добил болеста во Конго и во меѓувреме починал.
На 20 октомври Нигерија го пријави својот прв случај на ебола. Станува збор за швајцарски државјанин кој се разболел неколку дена по враќањето од неколкунеделно патување во Уганда.
Досега е регистриран еден случај во Европа: лекар кој бил позитивен на вирусот во Франција во јуни по хуманитарна мисија во источен Конго. Лекарот подоцна се излекувал и бил отпуштен од болница.
Еболата е болест опасна по живот, а се пренесува преку директен контакт со заразени лица или нивните телесни течности. Може да предизвика висока температура, дијареја и крварење.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
