Трибина за предизвиците и можностите за деца и млади Роми

Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ и Ромскиот ресурсен центар денеска организираат трибина „Предизвици и можности за деца и млади Роми“.
Трибината е во рамки на регионалениот проект „Зголемени образовни можности за учениците и млади Роми во Западен Балкан и Турција“.
На трибината, според организаторите, ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, претставникот на Ромскиот образовен фонд Реџеп Али Чупи и Ана Матевска, проект координатор во „Ромаверзитас“.
Предвидени се три работни сесии: „Пристап до квалитетно образование за децата Роми: перспективи и искуства од терен“, „Вработување на млади Роми: агенда за развој“ и „Структурни и политички промени за Ромите во Република Северна Македонија: Зголемување на соработката на национално ниво“.
Ново на Сител
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
