Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување основни хигиенски услови.
На угостителите им се изречени парични казни од по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.
-Со контролата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено - санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, информира АХВ.
Решенијата за времена забрана за вршење дејност ќе останат во сила до исполнување на потребните услови за работа.
Ново на Сител
-

Јаневска: Во образованието почнува да се реализира она што требало многу порано, се движиме добро
-

Зеленски: Од Трамп побарав гаранции за Украина во траење до 50 години
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
