Трамп на 15 февруари ќе се сретне со Нетанјаху

Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 15 февруари во Белата куќа, изјави портпаролот на Трамп, Шон Спенсер.
Нетанјаху демантираше дека сакал да ги навреди Мексиканците со пофалбата на идејата на Трамп да се постави ѕид по границата на САД со Мексико.
Израелскиот премиер го предизвика незадоволството на Мексико со коментар на Твитер во саботата во врска со намерата на Трамп.
- Претседателот Трамп има право. Изградив ѕид на јужната граница на Израел (со Египет). Тоа ја спречи целата незаконска имиграција. Голем успех. Чудесна идеја, напиша Нетанјаху на Твитер.
Мексиканското Министерство за надворешни работи изрази „длабоко зачудување, осуда и разочарување“.
Нетанјаху истакна дека едноставно само му одговорил на Трамп, давајќи го за пример израелскиот ѕид на границата со Египет.
Ново на Сител
-

Песков: Внатрешните разговори во ЕУ за дијалог со Русија претставуваат позитивен сигнал
-

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза
-

Зеленски: Русија нема намера да ја заврши оваа војна
-

Британски медиуми: Засилени притисоци за оставка на премиерот Кир Стармер
-

Мисајловски на саемот IDEB во Братислава, ќе се сретне со министрите за одбрана на Словачка и Чешка
-

Премиерот Мицкоски учесник на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“
-

Седници на две собраниски комисии
-

Трамп ги нарече Венс и Рубио „тимот од соништата“ за Белата куќа
