Телеграма со сочувство од Заев до францускиот претседател Оланд и до премиерот Валс
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод терористички напад во Ница упати телеграма со сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс и до граѓаните на Република Франција, во свое име и во име на СДСМ.
- Упатувам искрено и длабоко сочувство до семејствата на над 80-темина загинати, на над 100-темина повредени во терористичкиот напад во Ница, до францускиот државно – владин врв како и до пријателскиот народ во Република Франција, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Најостро го осудуваме кукавичкиот чин во Ница, во којшто настрадаа граѓани кои на улиците на градот ја славеа слободата и еднаквоста, во чест на националниот празник на Франција, 14 јули, се наведува во телеграмата.
Да се посегне по терористистички акт, какви што се првичните оценки, врз мирољубиви граѓани определени кон овие врвни демократски и цивилизациски придобивки, според Заев, е уште еден ужасен аларм какво грозоморно зло е тероризмот кој не познава националност и вера туку е атак врз човештвото.
- Го споделувам ставот со демократскиот свет дека е неопходно уште поцврсто и уште поорганизирано обединување и дејствување против насилството и омразата и една од најсериозните закани на меѓународниот мир и стабилност, тероризмот. Се солидаризираме, како Социјалдемократски сојуз и како граѓани на Република Македонија со францускиот народ и подготвени сме да помогнеме во рамки на нашите можности, стои во телеграмата од Заев.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата