Тачи во ненајавена едночасовна посета на Тирана
Тензиите кои владеат меѓу Косово и Турција, по депортацијата на шесмината турски државјани, е причина за косовскиот претседател Хашим Тачи да допатува во ненајавена посета на Тирана.
Тачи во Тирана се задржал само еден час и се сретна единствено со премиерот Еди Рама, кој има исклучитечно добри односи со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Косовскиот претседател го поддржа протерувањето на турските државјани, оценувајќи дека тие биле закана по националната безбедност на Косово, за што Ердоган му заблагодари. Но, барањето на премиерот Рамуш Харадинај за разрешување на министерот за внатрешни работи и првиот разузнувач, предизвика остри изјави од страна на Ердоган, кој меѓу другото му порача на Харадинај дека му се избројани деновите, а тој му возврати дека не треба да се меша во внатрешните работи на Косово.
Во меѓувреме и американскиот Стејт департмент преку соопштение ја поддржа Владата на Харадинај за депортацијата на турските државани.
Ненајавената посета на Тачи се случува во еден тежок момент за Владата на Еди Рама, која е под силен притисок на протестите за воведената патарина на „Патот на нацијата“, на што не се согласува и Косово.
На негодувањата на косовските владини претставници дека не биле запознати со воведувањето на патарина, Рама им порача дека не гледа причина за одлуката за патирана да се консултира со Владата на Косово.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!