Џет-Сет
15. November 2017 - 11:22

Сузана Манчиќ се посомневала дека вереникот ја мами: Еве како реагирал тој кога го притиснала да признае

Иако веќе неколку години се во стабилна врска, Сузана Манчиќ и Симеон Оцомокос се уште не се венчаа, иако веќе два пати договараа венчавка.

Дека во нивната врска постојат одредени проблеми, призна и самата Сузана, која во едно интервју се присети на периодот кога мислела дека нејзиниот седум години постариот избраник и е неверен.

-Никој не ми се допаданал толку за да го мамам Симеон. Во еднаш се посомневав дека тој мене ме мами, искрено призна Манчиќ, а потоа ја образложи целата ситуација.

-Најотоворено го прашав дали има паралелна врска. Само што не падна од столица. Инаку не сум љубоморна ниту посесивна. Мислам дека луѓето можат да го организираат животот според довербата и логичниот след на вредности: дали некој навистина ти треба, дали ти е убаво со него, заклучи Сузана.