-->
-->
Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија
-->

Во 17 часот и 55 минути во СВР Куманово, 31-годишниот И.П. од населбата Јане Сандански пријавил дека истиот ден околу 17 часот и 50 минути непознат сторител со возило „Фолксваген Поло“ со кумановски регистарски ознаки со многу голема брзина ќе прегазел дете. Тој видел што се случува и му викнал на детето, а во тој момент возачот со возилото наназад тргнал кон И.П. при што го удрил во пределот на стомакот, го турнал на земја и го притиснал со возилото до бетонска ограда.
Полицијата информира дека по несреќата возачот излегол од возилото, ги собрал скршените делови и избегал.
Во 19.00 часот во СВР Куманово дошол возачот на возилото, 27-годишниот Е.П. од населбата Јане Сандански и сам се пријавил. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
