-->
-->
Столтенберг: Примирјето во Украина генерално се почитува
-->

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека примирјето во Украина генерално се почитува, но изрази загриженост поради зголеменото присуство на руски сили во Сирија.
- Засега изгледа дека примирјето во Украина се почитува повеќе отколку што тоа подолго време беше случај, изјави Столтенберг за време на посетата на Прага.
Сепак, Столтенберг предупреди дека ситуацијата во Украина останува кревка.
Генералниот секретар на НАТО изрази загриженост поради информациите за зголемено воени присуство на Русија во Сирија, нагласувајќи дека тоа нема да помогне за решавање на конфликтот во земјата.
Русија, претходно, неколку пати ги отфрли наводите дека испратиле воени трупи и оружје за силите на претседателот Башар ал Асад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
