Статуа на Сталин се врати во Прага заради филм

Споменикот на Сталин, кој на 1 мај 1955 година, бил поставен по пет ипол годишна работа на Отакар Швец, а кој во 1962 година беше кренат во воздух со 22 килограми експлозив, денеска можеше повторно да се види во паркот „Летна" во Прага, јави дописникот на МИА.
Макетата, која го претставува споменикот, висок 15,5 метри и широк 22 метри е поставена на огромен пиедестал за потребите на чешкиот филм „Монструм", кој ја раскажува приказната за авторот Швец, кој се самоубил на денот на свеченото отворање на статуата.
- Најсмешно е тоа дека, човекот кој беше одамна етикетиран како криминалец стоеше се уште над Прага. Повеќето од повоените комунисти веќе знаеа за што се работи. Трагедија беше во педесеттите години, изјави чешкиот писател Павел Кохоут, во врска со една од најголемите статуи во Европа во 50-тите години на минатиот век .
На истото место подоцна е изграден 25 метарскиот Прашки метроном, дело на чешкиот автор Вратислав Новак, кој е атракција за многубројните туристи во чешкиот главен град.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
