Постигната спогодба меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли во врска со тужбата за наводно сексуално вознемирување

Актерот и режисер Џастин Балдони постигна спогодба во врска со тужбата што против него ја поднесе актерката Блејк Лајвли, за наводно сексуално вознемирување за време на снимањето на романтичната драма „Ова завршува со нас“, соопшти продукциската куќа на Балдони. Со спогодбата е избегнато граѓанското судење закажано за мај, на кое Лајвли требаше да се појави како сведок.
Лајвли, позната по својата улога во ТВ серијата „Озборувачка“ („Gossip Girl“), во декември 2024 година го тужеше својот колега, неговата продукциска куќа „Вејферер студиос“ (Wayfarer Studios) и други лица, барајќи отштета поради наводно вознемирување, клевета, нарушување на приватноста, како и кршење на федерални и државни граѓански права. Таа наведе дека обвинетите создале сексуално напната атмосфера за време на снимањето на филмот, по што започнале кампања со цел да ја замолчат.
На 2 април, судијата Луис Лиман ги отфрли тврдењата за сексуално вознемирување, но деталите од обвинувањата на актерката би можеле да се изнесат на тековното граѓанско судење на 18 мај. Спорот стана јавен во декември 2024 година, откако актерката поднесе жалба против Балдони до калифорниското одделение за граѓански права, по што следеше и формална тужба.
Веднаш потоа, актерот поднесе контратужба против Лајвли и нејзиниот сопруг, актерот Рајан Рејнолд, за клевета тврдејќи дека се обиделе да ја нарушат неговата репутација. Но тужбата од страна на судијата Лиман беше одбиена.
Во филмот „Ова завршува со нас“ („It Ends With Us“), Лајвли толкува улога на сопственичка на цвеќарница која се мажи за неврохирург-лик што го игра Балдони. Според податоците на Бокс Офис Мојо (Box Office Mojo), и покрај различните реакции од критичарите, филмот оствари приходи од повеќе од 351 милион долари на светско ниво.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
