Средба Груевски-Хојт Ји

Актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза, како и глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза беа тема на разговор на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Брајант Хојт Ји.
На средбата, како што информираат од партијата, претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за надминување на политичката криза преку успешно спроведување на престојните избори, на кој граѓаните ќе го имаат главниот збор и ќе одлучат за иднината на државата.
- Груевски посочи дека од важен интерес за партијата, но и за државата е тие избори да бидат фер и демократски, за што е потребен ангажманот и посветеноста на сите чинители одговорни за процесот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи активно да придонесува за градење на демократски амбиент кој ќе биде во насока на спроведување на фер избори, истакна Груевски.
Тој посочи дека стратешки интерес е реализирање на евроатланските интеграции на Република Македонија, и станувањето на полноправна членка на НАТО алијансата.
Соговорниците разговараа и за глобалниот проблем со мигрантите и нациите и мерките за нејзино справување.
Ново на Сител
-

Прочка - празник за проштавање и покајание - како, кому и колку да простуваме
-

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка
-

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
