Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег со променлив интензитет се бележат на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка, кој во моментов не се задржува на коловозот, информира АМСМ.
Како што посочуваат оттаму, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
