Србија: Во меѓународна акција уапсени 160 лица, запленета дрога и оружје, спречена нерегуларна миграција
Во рамки на меѓународната акција во Србија се уапсени вкупно 160 лица, од кои 25 се осомничени за сторени кривични дела поврзани со оружје, 121 за кривични дела поврзани со дрога, 13 лица за илегално преминување граница и шверц и едно лице за кривично дело фалсификување документи, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти МВР, акцијата „Заеднички денови на акции на Југоисточна Европа 2023“ (EMPACT) има за цел преку меѓународна соработка службите за спроведување на законот низ Европа, со поддршка на Европол, Евроџаст, Фронтекс, Интерпол и други меѓународни и регионални организации, да придонесе во борбата против нелегалната трговија со оружје, нелегалната трговија со дрога, трговијата со луѓе, шверцувањето мигранти, како и борбата против криминалните групи со висок ризик.
На територијата на Србија во акцијата учествувале вкупно 4.368 полицајци на МВР на Србија. Извршена е контрола на 22.817 лица, 16.332 возила, 140 претреси на станови и други простории.
Реализирани се вкупно 154 заплени и одземени се 59 парчиња огнено оружје, четири рачни бомби, две рачни противоклопни ракетни фрлачи, 2.879 парчиња муниција од различен калибар, како и 35,3 килограми марихуана, околу 180 грама амфетамин, помала количина хероин, околу 91 грам кокаин и 2.830 парчиња разни таблети.
Исто така, спречен е и 521 илегален влез на нерегуларни мигранти на територијата на Србија, а откриени се 58 нерегуларни мигранти.
Во акцијата која траеше од 13 до 18 ноември, освен Србија, учествуваа и земјите од Западен Балкан, Молдавија, Украина, земјите од Европската Унија, како и Турција и Велика Британија.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест