Спасовски: Јанева беше сомнителна уште откога апсеше и ослободуваше осомничени
Критиката кон Катица Јанева ја упатив уште во јануари годинава за притворањето на одредени осомничени и нивно ослободување. Ја дадов таа критика затоа што имав одредени сознанија за тоа, а многу е лесно во такви моменти обвинителите да реагираат и да кажуваат секој да си ја гледа својата работа, истакна вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на Канал 5.
– Укажувањата дека не може да се стави Орце Камчев во притвор, а потоа да се пушти дома, според мене е доволно за сомневање дека има нешто што не е во ред. Не мислев дека Јанева ќе дојде до оваа позиција, затоа што според одговорноста што ја добила да исполни одредени цели не смее да си го дозволи тоа, затоа што има одговорност кон граѓаните. Овде се работи за институција која што требаше сериозно да се спротистави против криминалот. Таа институција не дека не го исполни очекувањето. Направија многу добри работи кои ги гледаме низ предметите кои што ги водат. На основа на тие истраги кои ги водат обвинителите од Специјалното обвинителство има пресуди и ќе има пресуди и никој неможе да ја избегне таа одговорност, нагласи Спасовски.
Во однос на Законот за јавно обвинителство, министерот Спасовски рече дека владата нема соговорник.
-Опозицијата не тргнува од еднакви претпоставки во однос на носењерто на законот. Ние сакаме закон кој ќе значи функционалено јавно обвинителство што ќе гони криминал, а не да води селективна борба против криминалот. Предлозите на опозицијата се, како овие постапки што се водат против нивни поранешни функционери да ги стават на страна, истакна Спасовски.
Министерот за внатрешни работи информираше дека камерите од видео надзорот во градот не се за казнување и дека тие до пред две-три години биле користени од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
-Видео надзорот на улиците во Скопје не се камери за казнување во сообраќајот, туку само за надзор. Во 2017 години тој систем бил користен исклучиво од УБК, а сега откако е создадена правна рамка, видео надзорот е комплетно во служба на јавната безбедност. Тој систем треба да се надогради и ќе вклучи камери за сообраќајните прекршоци со што ќе се избегне човечкиот фактор и селективноста, Секој кој ќе направи прекршок ќе знае дека ќе мора да одговара за тоа, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО