Македонија
1. December 2023 - 18:23

Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат попладнево од  ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од  ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.