Македонија
29. April 2024 - 16:37

Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред

Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова седница за да дојдат на дневен ред. Членовите го одложија утврдувањето на кандидатите кои треба да им се придружат, а треба да дојдат од Врховниот и од битолска Апелација.

Главната причина за одлагањето е што на денешната седница не беа во полн состав, но и новите измени кои ги подготвува Правда.

-Значи тројца судии не се во можност да го изразат мислење по однос на ова прашање и апсолутно би било добро да сме во полн состав, рече Ивица Николовски,  член на Судскиот Совет..

-Одлуката ние ќе ја донесеме тука, а што мисли Комисијата таму тоа е сосема друга работа. Јас не сум била долго време таму поради обрските во Советот, но тие размислувања се за нешто што ќе биде идно законско решение, рече Антоанета Димовска, член на Судскиот Совет.

Oдложен беше и изборот на судии поротници во Основните судови во Струмица и Кавадарци бидејќи огласите биле објавени среде изборен процес што се коси со одлуката на Антикорупциска.

На Судскиот совет му недостасуваат двајца членови откако лани во јуни судијката од Врховен, Мирјана Радевска Стефкова си поднесе оставка, а во пензија замина Мери Радева.