Сончево со слаб ветер, претпладне магла
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. В понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе има локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од четврток кон крајот на денот и во петок.
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица