Собрани над четири тони отпад во еко-акција во општина Аеродром
Собрани над четири тони отпад во рамки на еко-акцијата за собирање електронски и електричен отпад, организирана од општина Аеродром во соработка со друштвото за управување со отпад „Нула отпад“.
Како што соопшти општина Аеродром, акцијата е спроведена во периодот од ноември 2016 година до март годинава и има за цел да се зачува животната средина и да се заштитат граѓаните од штетното зрачење на опасниот отпад.
Во урбаната заедница Лисиче, како што се наведува во соопштението, се собрани 351 килограм отпад, во урбана заедница Горно Лисиче - запад и север 264 килограми, во урбана заедница Горно Лисиче - југ 1.209 килограми отпад, во урбана заедница Стар Аеродром 93 килиграми, во урбаните заедници Бисер и Јане Сандански 1.140 килограми, во урбаните заедници „Острово“ и „Мичурин“ 248 килограми, во урбана заедница „Ново Лисиче“ 426 килограми и во месна заедница „Долно Лисиче“ 440 килограми.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата