-->
-->
Со куршум во глава убиен Дилавер Бојку - Леку
-->

Дилавер Бојку – Леку, познат криминалец и осуденик за органзиирање нелегална проституција во селото Велешта, денеска е убиен со куршум во глава, на плажа во Струга пред неговата кафеана во близина на старата автобуска станица.
Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата Аква блу. Веднаш потоа Бојку бил пренесен во Општата Болница во Струга со прострелна рана во глава, каде од страна на докторите била констатирана смрт.
Во моментов се уште трае увид на местото на убиството, а МВР подоцна ќе излезе со детални информации за настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
