Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството

Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон група од петмина скопјани, при што бил погоден 26-годишниот А.М., кој подоцна починал во болница. МВР ги соопшти првите официјални детали за убиството што синоќа се случи во Скопје.
Според полицијата, пукањето било пријавено на 6 септември околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.
Во моментот на нападот, Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма.
Пред нив застанал мотоцикл со две лица, по што од него било пукано со огнено оружје кон групата. Напаѓачите веднаш потоа побегнале.
При пукањето бил погоден 26-годишниот А.М. Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
