Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

„Евровизија“, се вели, треба да биде прослава на обединувачката моќ на музиката. Но, последниве две години, тоа привлече политички протести и бојкот поради неисклучувањето на Израел во услови на континуирана воена акција на државата во Газа.
И многу пред натпреварот во 2026 година, иако сè уште не е отпеана ниту една нота, неколку земји поставија услов: „Ако Израел е таму, ние нема да бидеме таму“, како што вели Наталија Горшчак, претседателка на радиодифузерот РТВ Словенија. На Словенија ѝ се придружија и радиодифузерите од Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд откаде што бараат – на Израел да не му биде дозволено да учествува, навестувајќи бојкот на натпреварот следната година.
Додека светот чека да види што ќе се случи со преговорите и мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, во културниот свет нема попуштање во изолацијата на Израел, којашто според многумина, само расте. Пол Џордан – стручњак за Евровизија, се согласува дека ова е навистина предизвикувачко прашање за Европскиот радиодифузен сојуз – ЕБУ.
– Ова е навистина сложена слика што се создава… И тие не беа доследни. Ситуацијата е уште положена по фактот што самите организатори понекогаш не ги следеле сопствените правила за политичките настапи и политичките пораки, и им дозволиле на одредени земји, во извесна смисла, да се извлечат со кршење на правилата или да сметаат дека не ги прекршиле правилата, доволно за да дозволат учество. Колку што ми е познато, израелскиот радиодифузер не прекршил никакви правила. Сепак, може да се тврди дека нивното натамошно вклучување навистина би можело да му донесе лош углед на натпреварот, што би било спротивно на правилата на организаторите, изјави Џордан.
Сепак, доколку други држави го бојкотираат музичкото натпреварување в година, тој смета дека влијанието ќе се почувствува „многу подалеку од финалето“ на натпреварот.
– Има две полуфиналиња, поради бројот на земји учеснички, и ако нема потреба од две полуфиналиња, тоа ќе влијае на логистиката на настанот, па дури и на финансирањето, објасни тој.
Ако ги оставиме настрана поп-хитовите и моќните балади, политичките критики кон ЕБУ станаа навистина гласни. Сега, се чини, се чекаат политички одлуки – и повторно во културата.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес
-

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување
-

Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
-

Киднапирана жена пронајдена мртва во гостиварско
-

Стартот на „Безбеден град“ се одложува - системот ќе профункционира на 1 февруари
-

Шпанка доби отказ поради што доаѓала предвреме на работа
-

Трамп потпиша извршна наредба за ограничување на државните закони за вештачка интелигенција
-

УХМР: Најстудено утрово во Берово
