Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд

Осомничениот за убиството на американскиот активист Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска треба првпат да се појави пред суд.
Робинсон е обвинет за тешко убиство, кривично дело пукање од огнено оружје кое предизвикало тешка телесна повреда, попречување на правдата, како и за манипулирање со сведоци и извршување насилно кривично дело во присуство на дете, пренесе телевизијата Еј-Би-Си.
Тој веќе двапати се изјасни пред судот, првпат виртуелно, а вториот пат само преку аудио снимка. Досега не се изјаснил за виновен, а би можел да се соочи со смртна казна доколку биде осуден за тешко убиство.
Кирк (31) беше убиен од огнено оружје на 10 септември додека се обраќаше пред публика во кампусот на Универзитетот Јута Вели во Орем. Обраќањето беше прво во низата планирани на предизборната турнеја организирана од Turning Point USA, чиј соосновач е тој.
Робинсон (22) побегна од местото на пукањето, по што следеше потрага, а се предаде на властите ноќта на 11 септември.
Ново на Сител
-

Седница на ДКСК - избор на генерален секретар, постапување по предмети и по пријави од укажувачи
-

На собраниска седница Законот за прекршоците, последниот потребен за да стартува примената на „Безбеден град
-

Одбележување на Неделата за подигнување на свеста за борбата против ракот на грлото на матката
-

Амандманска распарава за измените на Кривичниот законик во матичната собраниска комисија
-

АЕК ќе додели одобрение за трет мобилен оператор на „ОНЕ Македонија телекомуникации“
-

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ со вкрстено испитување на сведок од ФЗО
-

Трамп: „Огромна флота“ е на пат кон Иран
-

Путин на Виткоф и Кушнер им рекол дека не се откажува од украинските региони
