-->
-->
Следи ново поскапување на горивата во Македонија - На одмор со бензин за 70 денари по литар
-->
Американската нафта за испорака во јули вчера на берзата во Њујорк се продаваше за цена од 49,19 долари за еден барел.
Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија вчерашното тргување го заврши на ниво од 50,1 долари за барел.
Оваа цена е за долар и половина повисока од просечната цена врз основа на која се формираа малопродажните цени минатиот понеделник.
Наредната корекција е закажана за 13 јуни. Ако се задржи ваквиот тренд на цените, тогаш за очекување е поскапување за околу 1 до 2 денари по литар.
Иако во моментов цената на нафтата бележи стагнација, предвидувањата се дека таа ќе расте кон средината на летото. Во таква ситуација, за верување е дека за летните одмори, ќе полниме гориво по 70 денари за литар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес