-->
-->
Стрип центарот на Македонија го објави вториот број на „Стрип алманах“
-->
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави вториот број на ревијата „Стрип алманах“, која е специјално издание на постојаното стрип списание „Креатор“. Издавањето финансиски е поддржано од Министерството за култура.
„Стрип алманах“ е авторски сценаристички проект на Ване Трајков, раководител на Стрип центарот на Македонија, по чии сценарија своите стрипови ги цртаа македонските автори Ненад Станчев, Милан Милиќ, Александар Цакоски, Џошкун Алиевски, Илчо Стојановски, Горан Мазнев и доајенот Миле Топуз.
И во вториот број на ревијата „Стрип алманах“ се застапени странски автори - Ања Тановиќ од Војводина и Сабахудин Мурановиќ-Муран од Босна и Херцеговина.
- Изданието „Стрип алманах“ докажува дека Македонија има талентирана, но недоволно мотивирана стрип сцена. Секој од застапените цртачи добива мал, но сепак суштински хонорар,што праќа симболична порака дека професионалноста на македонската стрип сцена подразбира како обврски, така и права на авторите, рече Ване Трајков.
Тој посочи дека омасовувањето на македонската стрип сцена, како задача на Македонскиот стрип центар од Велес, се остварува и преку повеќе од 130 нови млади стрип цртачи, таленти кои ги доставиле своите стрип дела по објавениот стрип конкурс за ученици на ниво на Македонија. Делата од овој конкурс се во склоп на неколку настани:
- Интернационалниот стрип салон во Велес и Балканската смотра на млади автори во Лесковац, Србија. Но тука, секако, треба да се истакне и вториот стрип натпревар на ниво на ученици од Скопје, како завршна манифестација која ќе се одржи на 11 јуни во склоп на манифестацијата „Скопје Креатива,информираше Трајков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ