Скопска Апелација ја одби жалбата на СЈО за изземање на судија на претходна постапка

Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство во врска со изземање на судија на претходна постапка која постапувала по предлог на обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство, утврдувајќи дека Кривичниот суд правилно постапил.
- Постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решение на претседателот на Кривичниот суд, Апелацискиот суд Скопје, денеска, достави решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на првостепениот суд, за неприфаќање на барањето за изземање на судија на претходна постапка, се потврдува, се наведува во соопштението на скопскиот Кривичен суд.
СЈО на 23 јуни побарал изземање на судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје која постапувала по предлог на обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство.
Барањето од страна на првостепениот суд, како што се додава во соопштението, било одбиено по што СЈО поднело жалба до второстепениот суд, кој со горе наведеното решение утврдил дека Кривичниот суд правилно постапил и жалбата на СЈО ја одбил, а го потврдил решението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
