Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба на нејзиниот лик на транспарентите, кои ги носеа учесниците во денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани.
Во продолжение следува реакцијата во Коцевска во целост:
„Во својство на бранител на дел од обвинетите во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, досега се воздржував од секакви напади во име на емпатичноста и сочувството со болката на родителите на починатите. Меѓутоа, откако јавно се изложи револт за мојата покрената кривична постапка за вандализмот што се случи на 17.03.2025год од одредени НН лица кои родителите ги оправдуваат, а согласно законот се подложни на одговорност, повеќе немам простор да се воздржувам. Имено, родителите си дозволија да организираат штрајк во кој мојот лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат и за ова треба и апелирам да реагираат сите надлежни органи на РМ во заштита на нашата професионална должност пред се, а потоа и во насока на заштита на нашиот интегритет и достоинство како носители на правната заштита и владеење на правото“, стои во реакцијата.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
