Сименсон: Излезот на САД од СЗО е незамислив
Излезот на САД од Светската здравствена организација е незамислив, изјави помошникот генерален директор за општ менаџмент при СЗО, Стјуарт Сименсон.
Тој истакна дека САД и СЗО се „поврзани од самиот почеток“.
– САД, барем од 1902 година, се лидер на глобалното јавно здравје и не можам да замислам ситуација во која САД нема да бидат дел од СЗО и да придонесат за СЗО, како што тоа го прават сега, нагласи Сименсон за Си Ен Ен.
Тој потенцираше дека САД и другите членки го основале СЗО.
– СЗО имаше корист од големата несебичност на американскиот народ и речиси непроценливата техничка поддршка, додаде Сименсон.
Изјавата на Сименсон доаѓа речиси една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп испрати писмо до СЗО, во кое се заканува дека засекогаш ќе го прекине финансирањето на таа организација и ќе ги повлече САД од неа, доколку не се обврзе дека „суштински ќе се подобри во следните 30 дена“.
Ново на Сител
-
Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица
-
Поминал со возило но не се заканувал, се расчистува случајот со заканите кон Арсовска
-
Тошковски: Прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука
-
Кос: Бугарија и Северна Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање
-
Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин
-
Едно лице загина, а десетици се повредени во земјотресот на медитеранскиот брег на Турција
-
По 22 години бегство уапсен „Командант Бреза“
-
Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената стварност