Сименсон: Излезот на САД од СЗО е незамислив
Излезот на САД од Светската здравствена организација е незамислив, изјави помошникот генерален директор за општ менаџмент при СЗО, Стјуарт Сименсон.
Тој истакна дека САД и СЗО се „поврзани од самиот почеток“.
– САД, барем од 1902 година, се лидер на глобалното јавно здравје и не можам да замислам ситуација во која САД нема да бидат дел од СЗО и да придонесат за СЗО, како што тоа го прават сега, нагласи Сименсон за Си Ен Ен.
Тој потенцираше дека САД и другите членки го основале СЗО.
– СЗО имаше корист од големата несебичност на американскиот народ и речиси непроценливата техничка поддршка, додаде Сименсон.
Изјавата на Сименсон доаѓа речиси една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп испрати писмо до СЗО, во кое се заканува дека засекогаш ќе го прекине финансирањето на таа организација и ќе ги повлече САД од неа, доколку не се обврзе дека „суштински ќе се подобри во следните 30 дена“.
Ново на Сител
-
Без активно жариште пожарот на Халкидики – на Крит сè уште активен
-
Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски
-
Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните
-
Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори вредни околу 27 милијарди долари
-
Рекордна потрошувачка на вода во Скопје – „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење
-
Блокади во голем број градови во Србија, полицијата се обиде да влезе на Правниот факултет
-
Денеска е Преподобен Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ
-
Генералните директори на ФЗО ќе информираат за постигнатите резултати во изминатата година