Си-Ен-Ен Турк: Можни се тензии во односите Софија-Анкара
Бугарските власти минатата недела од земјата го протерале генералниот секретар на градската урава на Едрене, Ибрахим Таранџ, објави денеска турската телевизија Си-Ен-Ен Турк, нагласувајќи дека ваквата одлука би можела „да ја налути Турција“.
Телевизијата наведува дека Таранџ и уште двајца други турски државјани биле протерани од Бугарија и дека им е воведена забрана за влез во земјата.
Си-Ен-Ен Турк пренесува ијзава на бугарскиот јавен обвинител Сотир Цацаров, кој тврди дека случајот со тројцата Турци не е поврзан со некаква предизборна активност или политички собир, туку дека станува збор за прашање поврзано со „националната безбедност на Бугарија“.
Засега нема официјална реакција на турските власти на одлуката за протерување на тројцата Турци од Бугарија.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија