Шпанија е светски шампион во фудбал

Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Во финалето, Шпанија ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот.
По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои трофејот.
Шпанија го освои Светското првенство по втор пат во својата историја (првпат во 2010 година), изедначувајќи се со Франција и Уругвај по бројот на трофеи. Бразил има пет титули, Германија и Италија по четири, Аргентина остана на три.
Аргентина го загуби финалето на Светското првенство по четврти пат во својата историја.
МИА
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
