Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина

Капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака ќе ги пропушти воведните четири натпревари од Лигата на нации, откако денеска призна дека користел лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19.
Швајцарија ја стартува сезоната во Б дивизијата во Лигата на нации в сабота кога ќе ѝ гостува на македонската репрезентација во Скопје.
Реваншот е закажан за 6 октомври во Луцерн, а во меѓувреме, Швајцарија ќе ѝ гостува на Шкотска (29 септември) и ќе ја пречека Словенија (3 октомври).
-Во тој период, прашањето за вакцинацијата против Ковид-19 ми предизвика голема загриженост и сериозни сомнежи. Чувствував длабока недоверба кон вакцината и ме совладаа вознемиреност и сомнеж.Токму во таа емоционално тешка состојба во која се наоѓав, го обезбедив сертификатот за вакцинација … Тоа беше грешка. Жалам“, објави Џака на својот Инстаграм профил.
Швајцарските медиуми јавија дека Јавното обвинителство на Луцерн го истражува случајот.
„Во целост се ставам на располагање за да се утврдат фактите и целосно соработувам со надлежните органи“, наведе Џака.
Швајцарската фудбалска асоцијација (СФА) објави дека Џака ќе ги пропушти воведните четири натпревари во Лигата на нации.
„Гранит Џака нè не информираше за ситуацијата синоќа. Го поздравуваме фактот што Гранит го презеде овој чекор и е подготвен за целосно расветлување на случајот. Во исто време, заеднички заклучивме дека е во најдобар интерес на тимот да ја игра оваа серија натпревари без него“, изјави претседателот на СФА, Петер Кнебел.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
