Шокантни тврдења за животот на Дејвид Боуви

Дејвид Боуви водел крајно разуздан живот, открива новата биографија за славниот музичар „David Bowie: А Life".
Во книгата на уредникот на магазинот „GQ“, Дилан Џонс, се наведува дека починатиот уметник бил зависник од секс и кокаин и дека се впуштал и во ризични оргии и секс со малолетници.
Боуви и самиот, неколку месеци пред смртта, призна дека во младоста бил „неверојатно промискуитетен“ и дека еднаш дури добил понуда да има секс со мртво тело, што ја одбил.
Во книгата се открива и дека наводно тој бил во врска со пејачката Дејна Гилеспи, кога таа била на возраст од само 13-14 години, и детали од кратките афери со Елизабет Тејлор и Сузан Сарандон.
Од 1992 година беше во брак со манекенката Иман, а нивната единствена ќерка Лекси е родена во 2000 година.
Боуви почина на 10 јануари 2016 година од карцином.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
