Шести „Денс фест“ во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечер ќе се одржи 6. меѓународен фестивал „Денс фест“, на кој годинава ќе учествуваат 14 клуба од Македонија и два клуба од Србија.
Организатор на фестивалот е танцовиот клуб „Мак“.
- Публиката ќе има можност да ужива во кореографиите кои ќе бидат презентирани, а во чекор со современите светски трендови на модерниот балет, хип-хоп, латино и стандардни танци, изјави кореографот на „Мак“, Мерилин Стојановска.
Овој фестивал има натпреварувачки карактер, така што ќе се доделат награди за најсупешна кореографија, најдобар сценски настап и за најдобро соло и дуо.
Во рамки на „Денс фест“ ќе се одржат и работилници за современ танц и кореографија под водство на Сташа Станковиќ од „Денс Фектори“ од Србија и Игор Шкомац.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива