Шеснаесет средношколци со образовни асистенти во новата учебна година
![]()
Град Скопје во новата учебна година ангажира 16 образовни асистенти кои ќе работат со средношколци со посебни образовни потреби. Асистентите кои се ангажираат во рамки на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес – унапредување на правата и можностите за ранливите категории граѓани во Град Скопје“, а кој е во соработка со Агенцијата за вработување и УНДП, ќе работат по четири часа дневно со учениците и ќе им помагаат во совладување на наставната материја и подобрување на успехот, соопшти денеска Град Скопје.
Услугата од асистентите е бесплатна за родителите кои дале согласност да се вклучат во проектот. Дел од средствата се обезбедени преку програмата Општинско – корисна работа, а дел се од Буџетот на градот.
Месечниот надомест за асистентите изнесува нето 9.000 денари, а за нив град Скопје обезбедува и бесплатен јавен превоз кој ќе можат да го користат за време на ангажманот.
Ангажирањето образовни асистенти во средните училишта е продолжување на праксата од минатата година кога Град Скопје првпат ја реализираше таа активност. – Потребата од повторно ангажирање стручен кадар кој ќе помага на средношколците за време на наставата се должи на позитивното искуство од претходната година и постигнатиот успех на учениците кои ја користеа услугата. Во таа насока, минатата година Град Скопје првпат додели награда за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијата на ученичка од четврта година во гимназијата „Никола Карев“, која користеше услуга од образовен асистент и постигна одличен успех во последната година од образованието, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
