Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари

Седум лица се опфатени со кривична пријава за измами со брзи потрошувачки кредити во Куманово, со кои, според полицијата, била остварена противправна имотна корист од над 12,2 милиони денари.
Според информациите од СВР Куманово, две жени на возраст од 23 и 35 години се сомничат за измама и злоупотреба на лични податоци. Во периодот од јануари до јули 2026 година, помладата од нив, наводно, во 18 наврати користела лични податоци на други лица за да аплицира за брзи кредити без нивна согласност.
По одобрувањето и исплатата на кредитите, парите биле противправно присвоени од двете осомничени, наведува полицијата.
Во случајот се опфатени и пет лица на возраст од 27 до 48 години, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка. Тие се сомничат дека со злоупотреба на службената положба и овластување овозможиле спроведување на измамата и располагање со одобрените средства.
На тој начин, според пријавата, на двете жени им била овозможена противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари.
Ново на Сител
-

Граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизија „Информер“ во Белград и ја прекинаа програмата
-

Премиерот Мицкоски телефонски со Срдановиќ: „Верувам дека добрите меѓудржавни односи ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“
-

Политико: На Франција и се заканува должничка криза, социјални немири и политичка неизвесност
-

Европскиот печат за изборите во Србија: Победата на студентите е шлаканица за Путин, но и за европските лидери
-

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи
-

Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција
-

МЗ: Континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија, се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Косово
